И покрај операцијата, Миочиќ се уште има проблеми со окото

Стипе Миочиќ последен пат се натпреваруваше во август минатата година. Тогаш го победи Даниел Кормиер во реваншот со ТКО и си ја врати титулата во тешка категорија на УФЦ. Миочиќ го загуби шампионскиот појас откако беше нокутиран од Кормиер на нивната прва средба во јули 2018 година.

Стипе мораше да оди „под нож“ заради скината мрежница. Додека закрепнуваше, тој им рече на новинарите дека сè уште има проблеми со видот.

„Одвојувам време да се опоравам и кога ќе бидам подготвен ќе проверам како се чувствувам“, рече Миочиќ и додаде: „Лекарите рекоа дека изгледа добро, но ме предупредуваа да не бидам глупав и да не брзам“.

https://www.instagram.com/p/B4Ydn9YlE2O/?utm_source=ig_embed

Шампионот во тешка категорија изјави дека скинатата мрежница е предизвикана од случајно бркање во очите од Кормиер за време на двата меча. Многумина очекуваат Миочиќ по трет пат да се соочи со Кормиер. Преговорите се со тенденција оваа борба да ја видиме во текот на летото, но тоа во моментов не е во фокусот на Стипе.

Засега, Миочиќ го свртува вниманието кон коронавирусот. Тој рече дека неговото семејство, пријателите и сите луѓе кои имаат потреба од тоа се оние на кои најмногу би обрнале внимание. Миочиќ е пожарникар во Кливленд и во повеќе наврати рекол дека ја сака својата работа.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=ofb0AdihJgY&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО