Нгану ги напаѓа организаторите и Џошуа: Тие прават вакви трикови за да те уморат

Пред нешто помалку од две недели бевме сведоци на боксерски спектакл во Ријад каде Френсис Нгану и Ентони Џошуа се бореа еден против друг. Ова беше втор обид на Камерунецот во бокс и сега веќе знаеме како заврши, но „Предаторот“ не може да се помири со поразот и овојпат вели дека намерно бил уморен пред борбата.

Тој даде свој коментар за борбата за „ММА час“:

„Ме донесоа во арената многу рано, околу 22:30 часот, а потоа кога стигнавме во таму, ми рекоа дека треба да се борам околу 1:45 часот, а потоа околу 1 часот дојдоа во соблекувалната и рекоа дека Џошуа се уште не стигнал“.

„Помислив во себе: „Па, се бориме во исто време“, но поради некоја причина бев таму за борбата најмалку два часа пред него. Дури и во текот на неделата моравме да одиме на различни места и да чекаме. Дјуи Купер (тренер на Френсис, н.з.) рече: „Тие прават вакви трикови за да те уморат“.

Потоа беше прашан од Ариел Хелвани дали е нервозен пред оваа борба со Џошуа, со оглед на тоа што победникот потенцијално ќе ја нападне светската титула, на што Нгану одговори дека имало поголем притисок во неговиот прв боксерски меч со Тајсон Фјури.

„Не, не, всушност никогаш не ни барав шанса за титулата, но добро е што бев таму, но не ја бркав. Имав поголема трема за борбата со Тајсон, тоа беше мојата прва борба по две години. Тоа беше мојот прв боксерски меч. Овој пат имав многу подобар тренинг камп“.

„Предаторот“ минатата недела ни откри дека не завршил со „слатката наука“ и смета дека боксот му останал должен. Неговото враќање во боксот е неизбежно, но прашање е кога ќе се врати во ММА, ако воопшто се врати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО