Нгану е нестрплив да влезе во октагонот

Фрeнсис Нгану, предизвикувач број 1 за титулата во тешка категорија на УФЦ, со нетрпение го очекува својот следен меч. Камерунскиот борец долго чекаше да го добие мечот за титулата против шампионот Стипе Миочиќ.

Двајцата веќе имаа еден судир, што заврши со победа на актуелниот шампион со едногласна одлука во 2018. Веднаш потоа „Предаторот“ загуби од Дерик Луис, но следните четири последователни победи со нокаут му дадоа нова шанса за титулата.

Неодамна, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, рече дека работи на организирање на втор меч меѓу Миочиќ и Нгану, а пресметката треба да се случи во март 2021 година.

„Едвај чекам да се вратам на октагонот“, напиша Предаторот на својот Инстаграм профил.

Да потсетиме, Френсис Нгану се врати во октагонот, забележувајќи јубилејната 10-та победа во УФЦ, нокаутирајќи го Жаирзињо Розенструик на УФЦ 249, што се одржа на 9 мај. Пред два месеца Предатор изјави дека ќе ја освои титулата во тешка категорија следниот пат кога ќе влезе во октагонот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON