Нгану: Чекам реванш со Миочиќ

Френсис Нгану смета дека направил доволно за повторно да се бори за титулата во тешка категорија на УФЦ.

По првиот напад на титулата во јануари 2018 година  беше поразен со едногласна одлука од Миочиќ, 32-годишниот Французин беше поразен и од Дерик Луис во разочарувачки настап во следната борба.

Воскресението започна во ноември 2018 година кога ја прекина серијата на Картис Блејдес од чест борби без пораз со нокаут за 45 секунди. Потоа го нокаутира поранешниот шампион Каин Веласкез за 26 секунди и во последната борба во јуни му требаше 71 секунда за уште еден поранешен шампион Жуниор дош Сантос.

„Чекам реванш“, рече во ММА-шоуто на Ариел Хелвани.

„Чекам борба за титулата и не би било фер да не ми ја дадат, затоа што направив се што требаше за да ја заработам“.

„Предаторот“ беше импресиониран од реваншот на Миочиќ и Кормиер во кој американскиот Хрват со нокаут во четвртата рунда си ја врати титулата.

„Искрено, не очекував борбата да биде толку интензивна. Беше така добра борба. Така добро удараа, фрлаа удари и се бореа одлично. Само неколку обиди за борење и сè друго борба во стоење. Стипе ја презеде контролата врз борбата. Можеби ударите во тело влијаеја на ДК, затоа што на ДК добро му одеше. Пред тоа го добиваше мечот, но Стипе почна со ударите во телото и тогаш западна во проблеми“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО