АктуелноКаратеОстанато

Неверојатни сцени од Орландо, претседателот на организацијата мораше лично да реагира и да го задави тренерот (ВИДЕО)

Претседателот на Карате комбат, Асим Заиди е познат по цврстата рака со која ја води организацијата.

Заиди се најде среде хаос во петокот на настанот Карате комбат 47, откако помошниот тренер или „аголникот“ на еден борец предизвика вистинска драма. Инцидентот се случи откако Луис Мелендез го совлада Вил Еспарца со едногласна одлука во исцрпувачки натпревар. Додека Еспарца го изразуваше своето незадоволство од одлуката, неговиот човек од аголот втрча во арената во потера по Мелендез, предизвикувајќи метеж што брзо се прошири во толпата.

Во тој момент, Заиди ги презеде работите во свои раце, влезе со помош на ветеранот на УФЦ Сем Алвеј и цврсто го задуши Еспераца, на крајот онесвестувајќи го. Ситуацијата набрзо се смири, а тимот на Еспарца беше изведен надвор од арената додека публиката на Флорида воодушевено го бодреше претседателот на Карате комбат.

„Нема борби, нема борби. Само во арената, само борци“, рече Заиди по инцидентот.

https://twitter.com/Grabaka_Hitman/status/1806873887998693761

Исто така во судирот меѓу поранешните борци на УФЦ, Џејмс Вик и Рафаел Алвеш, подебелиот крај го извлече Вик кој со застрашувачки ножни техники беше успан од Алвеш.

https://twitter.com/Grabaka_Hitman/status/1806887035816309201

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON