Неверојатна физичка трансформација на Тајсон Фјури (ВИДЕО)

Откако при карјот на 2015 година го симна Владимир Кличко од тронот на тешка категорија Тајсон Фјури почна да го преживува најтешкото време во животот.

Поради контроверзните изјави се најде на удар на во јавноста, го откажа реваншот со Кличко, без борба остана без штотуку освоените титули, падна во проблеми со депресијата, алкохол и дрога и со Британската антидопинг агенција.

Во тој период Фјури целосно се запусти и дојде дури на 180 килограми.

По двеиполгодишна пауза, 206 сантиметарски високиот Тајсон се врати во рингот во јуни оваа година и со прекин го победи Сефер Сефери.

За таа борба тежеше 125 килограми, што е 13кг повеќе од мечот со Кличко.

Во следниот натпревар, победи со едногласна одлука против Франческо Пијанета влезе со 117 килограми.

Фјури на 1 декември го чека борбата за светската титула против Дионтеј Вајлдер, првакот на ВБЦ, а во видеото можете да ја видите неговата неверојатна физичка трансформација.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО