Несторовски и Павлов во Охрид ќе ја темпираат формата за Европските игри!

Pece profil

Карате репрезентативците на Македонија кои ќе не претставуваат на првите Европски игри во Баку-Азербејџан, Марин Несторовски и Емил Павлов во четврток па до 6 јуни ќе бидат на подготовки во Охрид.

Што конкретно ќе работат Мартин и Емил во текот на подготовките?

-Конкретно, ќе се работи на тактички варијанти спрема противниците кои ги очекуваат во Баку. Затоа, спаринг партнерите што ќе бидат на подготвките со нив, се со слични перфоманси како и противниците. На Емил ќе му спарингуваат Тодор Ристески и Ненад Ќелебиќ, а на Мартин, Виктор Крстевски и Берат Јакупи, -вели тренерот на репрезентацијата во борби Петар Белистојановски.

Martin na piedestal so tabela

На што може да се надеваме на Европските игри од Мартин и Емил, кои се ноѓаат во едно исклучително одбрано друштво?

-На крај, формата ќе се темпира за 13 и 14 јуни, кога настапуваат. Ќе биде многу тешко, зашто се најдобрите осум каратисти во категоријата во Европа. Но, очекувам да стигниме барем до еден медал, категоричен е тренерот Белистојановски.

Шампион
Павлов

Да потсетиме дека Мартин Несторовски на Европското првенство во Истанбул, Турција, го освои бронзениот медал во категоријата над 84 килограми, а Емил Павлов (-60 кг) беше петти, а е минатогодишен европски првак.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON