Непоразениот светски шампион ќе учествува и во подготовките на Фјури за мечот против Усик

Тешкашот Тајсон Фјури најпрво ќе се соочи со Френсис Нгану на 28 октомври, а потоа го чека Александар Усик во меч за апсолутен шампион на светот.

Борбата за обединување на појасите на светскиот шампион во тешка категорија ќе се одржи во декември или јануари следната година во Саудиска Арабија.

Доколку се потврди дека мечот ќе се одржи на 23 декември, Фјури ќе има само осум недели да се подготви за еден од најтешките предизвици во кариерата.

Кралот на Ромите го имаше последниот меч минатиот декември кога сопрекин во десетата рунда го совлада Дерек Чисора.

А Усик настапи на крајот на август на настан во Полска и го победи Даниел Дубоа со нокаут во деветтата рунда и по вторпат ги одбрани шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ и ВБО во тешка категорија што ги освои во септември против Ентони Џошуа.

Непоразениот Украинец пристигна во кралската дивизија откако ја освои полутешката категорија во која ги обедини сите шампионски појаси.

Минатиот викенд Џеј Опетаја (23-0) го совлада Џордан Томпсон со прекин во четвртата рунда за да го одбрани шампионскиот појас на ИБФ во полутешка категорија.

Австралиецот открива дека Фјури го контактирал за да му биде спаринг партнер во подготовките за мечот против Усик.

„Тајсон Фјури му испрати порака на тренерот. Разговаравме за тоа порано и јас требаше да бидам во неговиот табор, но тогаш борбата не беше договорена“, изјави Џеј Опетаја, а потоа додаде:

„Ќе биде лудо искуство, со нетрпение очекувам да учествувам на подготовките на Фјури“.

Потегот на Фјури е сосема логичен бидејќи Усик е поранешен апсолутен шампион во полутешка категорија. И Петаја е совршен одговара на типот за противник што го чека во Саудиска Арабија за неколку месеци во меч кој сите со нетрпение го очекуваме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jai Tapu Opetaia (@jaiopetaia_)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boppa Gaming (@boppagaming)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON