АктуелноБоксПрофесионален

Непоразениот шампион сака да помине во тешка категорија: Мојата цел е да се борам со Усик

Австралискиот боксер Џај Опетаја го победи Италијанецот Клаудио Скеа во петтата рунда на неодамнешниот настан во Голд коуст и ја одбрани титулата на ИБФ во полутешка категорија.

Ова беше 28-ма победа во кариерата за непоразениот борец и 22-ра што ја постигна со нокаут, а неговиот следен меч е да се бори против шампионот на ВБА и ВБО, Жилберт Рамирез-Зурда од Мексико.

Во интервју за ДАЗН признава дека е подготвен за нови предизвици, а неговата цел е еден ден да се искачи во тешка категорија каде што би се борел против светскиот шампион Александар Усик, кој го стори истото во полутешка категоријата пред да ги обедини појасите во тешка категорија.

„Мојата желба е прво да ги обединам титулите во полутешка категорија, а потоа да се искачам во тешка“, рече Џај Опетаја и продолжи:

„Имам долг список на желби и морам да бидам трпелив. Кога ќе ја поминам крузер категоријата, ќе се искачам во тешка категорија и ќе останам таму. Мојата цел е борбата против Усик. Би сакал еден ден да се борам со него за титулата апсолутен шампион“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON