Непоразениот Гого Славески во САД во сабота ќе атакува на нова победа

Гого Славески (5–0, 3 КО) во сабота на 22 декември излегува во професионалниот ринг во САД и ќе оди на шеста победа. Повеќе детали се најавени за деновиве.

Едно е сигурно, Славески настапува во нова бокс прмоција на настанот „Ајрон тајгер чемпионшип боксинг“, а борбата е во шест рунди.

Последен пат Гого се бореше на 22 септември во Чикаго забележувајќи ја петата победа со нокаут во третата рунда против Динтвен Џексон во суперсредна категорија.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО