Гого Славески (5–0, 3 КО) во сабота на 22 декември излегува во професионалниот ринг во САД и ќе оди на шеста победа. Повеќе детали се најавени за деновиве.
Едно е сигурно, Славески настапува во нова бокс прмоција на настанот „Ајрон тајгер чемпионшип боксинг“, а борбата е во шест рунди.
Последен пат Гого се бореше на 22 септември во Чикаго забележувајќи ја петата победа со нокаут во третата рунда против Динтвен Џексон во суперсредна категорија.
Ipon.mk