Непоразениот Даниел Дубоа стигна до 11-тата победа (ВИДЕО)

Непоразениот тешкаш Даниел Дубоа (11-0, 10 КО) во Лондон ја постигна 11-тата победа.

21-годишниот Англичанец во Вембли арена со прекин во четвртата рунда го совлада Ричард Ларти (14-2, 11 КО).

Ганецот не дојде во Англија за да се предаде без борба и во мечот понуди неколку интересни моменти, размена на тешки удари, но се беше одлучено кога Дубоа во четвртата рунда го погоди со тешко десно кроше и потоа со левицата го испрати Ларти на подот.

Ларти некако успеа да одговори на броењето, но судијата ја прекина борбата.

Британскиот боксерски одбор за контрола неодамна објави дека Дубоа и Џо Џојс го прифатиле мечот за титулата на Британија во тешка категорија, иако се уште е под знак прашалник одржувањето на борбата, бидејќи Џојс вели дека бара посилни противници. Двајцата имаат договор со промоторот Френк Ворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО