Во германскиот град Хале заврши традиционалниот боксерски турнир „Хеми куп“.
Големото изненадување се случи во финалето на категоријата до 81 килограм.
Олимпискиот победник и четирикратен светски шампион Хулио Цезар ла Круз изгуби со нокаут од Американецот Халил Кое.
Кое вешто фингираше и го собори со десно кроше Кубанецот кој со спуштени раце го чекаше ударот со левата рака.
Инаку, Кубанците доминираа на турнирот со освојување на златото во шест категории.
https://youtu.be/5K13Z6nSc78
.