Според непотврдени гласини, боксерскиот дуел меѓу Флојд Мејведер и ММА шампионот во лесна категорија Конор Мек Грегор е ставен во мирување откако Ирецот одбил да им даде половина од приходите на УФЦ. Пред неколку недели боксерскиот менаџер Боб Арум шепна дека УФЦ сакала 80 отсто од надоместокот на нивниот борец.
Извори блиски до ситуацијата велат дека Конор ќе продолжи со битките од договорот спрема УФЦ, за да се ослободи максимално брзо од него и да се сретне со Мјеведер следната година.
Конор Мек Грегор официјално изјави дека наскоро ќе го објави следниот дуел.
Во меѓувреме, шампионот во полусредна категорија, Тајрон Вудли, изјави дека го почнал првиот ден од подготвките за следната одбрана на титулата. Според извор од таборот на Америкен топ тим, дека тие веќе се подготвуваат за дуелот со Ноториус и повикале човек за спаринг кој има сличен стил на неговиот. Според непотврдени факти, Вудли ќе се бори во почетокот на јули, кога се одржува УФЦ 213.
Веста се уште официјално не е потврдена, но во наредните денови ќе се знае дали е вистинита.