Мајкл Биспинг брутално се подигра со Жакар

Роналдо Соуза – Жакар си допушти категоричен пораз од Роберт Витакер во втората рунда на УФЦ на Фокс 24, откако австралискиот борец успеа да го казни Алигаторот со тешки и бескомпромисни удари.

Тоа беше втор пораз за Жакар во УФЦ, со што сериозно си ги разниша позициите за шампионската титула која е во сопственост на Мајкл Биспинг.

Не е тајна дека Биспинг и Жакар често си разменуваат вербални удари преку медиумите и социјалните мрежи, а сега Каунт не задоцни да го „одбележи“ поразот на Бразилецот во текот на викендот.

Британецот објави порака која нема потреба од дополнително објаснување, придружено со пораката „Ова е за сите вас – алигатор задници кои ме тролате онлајн цела вечност“.

https://www.instagram.com/p/BS7ZA14DleM/?taken-by=mikebisping

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО