Необичната љубовна приказна на Кличко

Hayden Panettiere, Vladimir Kličko-sredeno

Украинскиот боксер Владимир Кличко, по неодамнешната победа над Пулев, повторно е во центарот на вниманието. Веднаш по победата побрза дома, во САД, кај неговата бремена свршеница, холивудската актерка Хајден Пенетир. Хајден е во осмиот месец од бременоста. Идните среќни родители со нетрпение го чекаат раѓањето на девојчето.

 Нивната љубовна приказна е малку необична, и поради разликата во годините, и поради „висинската” разлика. Но, убавицата и ѕверот, како што ги нарекуваат медиумите, заедно се повеќе од пет години. Хајден, висока 153 сантиметри, познатиот боксер го запознала на една промоција на книга, кога му пристапила со зборовите: „Ти си голем“! На што, 198 сантиметри високиот Кличко, одговорил: „И ти си многу ситна“. И тоа било доволно!

Неодамна, во шоуто на Елен Дегенерис, 25 годишната актерка се расприклажала за бременоста, при што изјавила дека верува оти детето ќе биде со нормално висина, ако се земе предвид нивната просечна висина. Таа признала дека планирале свадба, но, едноставно, не сакала да се омажи со 20 килограми повеќе. На новата тежина придонес даде и дијамантскиот прстен, за кој Кличко „искеширал“ 500 илјади доллари!

 Алал да и е на украинската невестата!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО