Ненад Келебиќ: Борбата за место во репрезентацијата не е завршена, се се решава во Слазбург!

Kelebik na piedestal lasko 2016

Каратистот на КК Цветан Димов, Ненад Келебиќ, во 2016 година се претставува во вистинско светло и е голем кандидат за место во репрезентацијата на Европското првенство за сениори во Монпелје во Франција, а со освојувањето на сребрениот медал на Светскиот куп – Лашко дефинитивно го сврте вниманието на карате јавноста.

Тој во финалето загуби од Австриецот Штефан Покорни, а претходно ги совлада Томас Кесерер-Австрија 6-3, Жрени Делес-Белгија 3-0, Валери Степанчук-Украина 4-1 и во полуфиналето Мартиал Ивес Тадиши – Унгарија 2-0.

Nenad Kelebik so Jovan i Enes na Lasko 2016

На Светскиот куп „Лашко 2016“ го освои сребрениот медал. Дали ова значи дека годинава конечно твојот талент ќе дојде до израз по враќањето од Србија?

-По освојувањето на првото место на Државното првенство и минатогодишното седмо место на „Париз опен“ ова ми е најголем успех во сениорска конкуренција. Очекувам мојата категорија да оди во нагорна линија.

Како гледаш на овој успех по грешката што ја направи на крајот на борбата, која веќе ја имаше добиено, во Истанбул на Балканското првенство, која те чинеше медал?

-Најпрво да објаснам за што се работи. Имено, на Балканското првенство при водство од 2-0 против турскиот репрезентативец и три опомени несреќно згазнав на линијата и ја добив четвртата опомена, а тоа значеше дисквалификација и губење на борбата. Тоа е нешто што му се случува на секој натпреварувач. Тоа му се случи и на Емил Павлов на Европските игри во Баку, кога при водство од 4-1 ја доби четвртата казна и ја загуби борбара за влез во финалето. Загубената борба во Истанбул ми е добра поука и се надевам дека нема да ја повторам. И на „Лашко“ имав случај кога водев и имав три опомени и не дозволив да добијам четврта.

Дали овие два настапи значат и акат на место во репрезентацијата на Македонија за ЕП во Франција?Nenad Kelebik finale Lasko 2016

-Борбата за место во репрезентацијата не е завршена. Карате федерацијата одреди четири критериумски натпревари: Државното првенство, Балканското првенство, Светскиот куп во Лашко и Премиер лигата во Салзбург на 15 и 16 април. Досега се одржаа првите три натпревари и јас сум во водство. Но преостанува натпреварот во Салзбург, кој може да промени се.

Кои домашни каратисти ти се конкуренти во категоријата до 67 килогарми?

-Покрај мене уште четиримина од Државното првенство се во конкуренција: Адил Мехмед кој беше втор на Балканското и Ико Ташов кој беше пети на „Лашко“ се сериозни конкуренти.

И, ако одиш на ЕП, дали ќе ја потврдиш репутацијата на успеси од младинска кокуренција за репрезентацијата на Србија?

-Ако го задржам првото место на ранг листата и одам на Европското првенство, ќе направам се да се вратам со медал.

Кои се твоите желби во карате спортот?

-Моите желби не се разликуваат од желбите на моите колеги, а тоа е освојување на европски и светски медали.

Kelebik ceka za borba

Имаш ли некој каратист како идол?

-Кога бев мал потстрек ми беше Сашко Арсовски,а подоцна Рафаел Агаев.

Како беше да се тренира со Предраг Стојадинов, истакнат српски каратист?

-Иако не беа многубројни, на секој од тренинзите што ги водеше Предраг Стојадинов имаше нешто ново да се научи.

Може ли да направиш една споредба на карате спортот во Македонија и Србија, однонсо клубовите во кои си и во кои си бил?

-Во прашање се два различни системи (школи) на карате.Во секој клуб што бев,сум научил по некој новитет.

Овде може да ја погледнете финалната борба на Светскиот куп – Лашко 2016.

За Келебиќ

Ненад Келебиќ е роден во Скопје (1993 г.). Карате почнува да тренира во 1999 година, со шест ипол години во КК Младинец од Драчево. Потоа има тренирано во следните клубови: ЦветанДимов, Металург, НИС-Нови Сад, Маваши-Нови Сад, 021-Нови Сад и Војводина 21-Нови Сад

Kelebik so ekipata na Cvetan Dimov

Резултати

Гранд при Храдец Кралове -Светски карате куп-2 место

3-то место екипно кадетско/јуниорска екипана Регионално Европско првенство во Полска

3-то место на Европско првенстово Португалија, У-21 (постари јуниори)

2-ро место Карате 1 Премиер лига -Лашко

3-то место на Балканско првентсво во Грција-2006 год -кати(за Македонија)

Пласман (7-мо место) на Карате 1 Премиер лига – Париз 2015 г.

Пласман(5-то место)на Европско првенство – Измир 2009

Златен појас на Чачак 2-пати шампион,по еднаш втор и трет

Повеќе пати државен и шампион на Војводина кои беа услов за неговото долгогодишно учество во репрезентацијата.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО