Фабрицио Вердум нема да ги трпи навредите на Мек Грегор

Fabricio Verdum -crno bela

Шампионот во тешка категорија, Фабрицио Вердум, не е голем фан на шампионот во перо категорија, Конор Мек Грегор, пособено откако Ирецот го критикуваше за неговото избегнување од средбата, во која требаше да ја брани титулата, поради повреда.

Вердум се произнесе за расправијата со Мек Грегор:

 „Конор Мек Грегор почна многу добро со својот маркетинг – зборува многу и е добар борец, не можам да го одречеме тоа. Но, мислам дека ја прелеа чашата – кич. Рече дека ќе се срене со кој било, но не така не доат работите во овој свет. Брците имаат принципи кои треба да бидат почитувани. Ја загуби мојата почит кога почна да прави невкусни шеги на моја адреса. Немам намера да трајам по такво нешто“.

 „Борците го мразат Мек Грегор. Секој сака да го гледа како се бори, затоа што има добар маркетинг, но јас не би се променил заради парите. Секој ги сака, но си има лимит. Парите не се се. Тој си ја продаде душата, зошто велам „душа“, за да не кажам нешто погрубо. не сметам дека е кул. Се продаде и веќе е време некој да го натера да замолчи“.

 Менаџерот на Вердум неодамна го советуваше Ирецот да ангажира лична гарда, за секој случај, оти еден ден нивните патеки со Вердум ќе се пресретнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО