Србинот Немања Мајдов (-90 кг) стана светски првак во џудо откако во балканското финале го совлада Словенецот Михаел Зганк.
Ова е прва титула за Мајдов кој до неа стигна по двата жолти картони на Зганк.
Словенците, пак, имаат причина повеќе и да се радуваат и да жалат на Светското првенство во Будимпешта, бидејќи Тина Трстењак (-63 кг) го освои сребрениот медал, по поразот од Французинката Клаирс Агбегнену.
Србите исто така имаат причина да жалат, затоа што Александар Кукољ остана без медал.
Секако, никој не очекуваше дека олимписката шампионка и надобра џудока во светот Мајлинда Келменди ќе остане без медал на Светскиот шампионат.
За жал, Македонија нема претставник на големите џудо собири и не извесно кога може да има.
Во досегашниот тек на првенството најмногу медали освои Јапонија 10 (6-3-1).
Јапонија 6-3-1
Монголија 1-1-3
Франција 1-0-1
Бразил 1-0-1
Србија 1-0-0
Германија 1-0-0
Азербејџан 0-2-0
Словенија 0-2-0
Ipon.mk/В.Д.