По своето деби во УФЦ, Пејџ Ван Зант ќе биде тешко да излезе од фокусот на медиумите и навивачите на боречки спортови. По појавувањето на мерењето и претставувањето за мечот, повеќето од нив се согласија дека тоа е најзгодната фајтерка што се појавила било кога.
Која е Пејџ Ван Зант? За почеток, тaа е најмладиот борец на УФЦ списокот. Неодамна наполни 20 години. Пред да одлучи дали сака да биде ММА борец, успешно се занимавала со манекенство. Нејзината приказна е слична на приказните на многу машки колеги, бидејќи со бокс почнала да се занимава откако девојките во училиштето почнале да ја малтретираат. По боксот, таа се обиде и во мешана борба, при што се одлучува кариерата да гради само во тој спорт.
Инаку, Пејџ е вистински авантурист, кој сака да лови риби, да лови животни и да вози бесни мотори, а сегашниот нејзин „скор” е четири победи и еден пораз.
http://youtu.be/2d5nm-rgWdE