Некогашен светски шампион (59) и поранешен противник на Ленокс Луис се враќа во рингот овој месец

Американскиот боксер, 59-годишниот Оливер Меккол наскоро ќе ја има 77-та борба во кариерата. Борецот со прекар „Атомски бик“ се враќа во рингот на 21 јануари на настан во Тексас, а противник му е сонародникот Гери Кобија.

Меккол се врати минатата година во номеври по петгодишна пауза и го победи Стејси Фрејзиер со прекин во втората рунда. Американецот се надева дека ќе ја продолжи успешната серија, од 2018 година има три победи.

Во својот врв, Оливер (60-14, 39 КО, 2 МЦ) беше еден од најстрашните тешкаши, а врвот на дивизијата го достигна во 1994 година кога го победи Ленокс Луис со прекин во втората рунда и го освои шампионски појас на ВБЦ.

Меккол, исто така, влезе во рингот со други големи имиња како Лери Холмс и Френк Бруно пред да загуби во реваншот од Луис во 1997 година.

Познат по својата издржливост, Оливер отсекогаш бил еден од најпочитуваните боксерски борци, но тој сè уште е активен. И покрај тоа што наскоро ќе го прослави 60-тиот роденден, сепак не размислува за пензија.

Меккол со победата над Фрејзиер ќе стане најстариот поранешен шампион во тешка категорија и можеби потајно се надева на интересна понуда од инфлуенсер…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО