Нејт Дијаз се спогоди со Спортската комисија на Невада

nejt-dijaz-vo-gard

Спортската комисија на Невада го казни Нејт Дијаз со 50.000 долари и 50 часа довротворна работа поради фрлање шишиња на прес-конференција на УФЦ 202 во ласвегаската Т-Мобиле арена, на 20 август.

Паричната казна изнесува 2,5 отсто двата милиона долари што ги доби Дијаз за настапот на УФЦ 202.

Ова никако нема да му се допадне на другиот учесник во инцидентот, Конор Мек Грегор. Исто така и Ирецот мораше да издвои 2,5 отсто од своите приходи (75.000 долари), да прифати 50 часа добротворна работа, но доби дополнителни 75.000 долари казна, што Дијаз ја избегна во неговиот договор.

Мек Грегор рече веќе не планира да се бори во Лас Вегас, а казната одлучисо Комисијата да ја реши на суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON