Нејт Дијаз не го интересира трилогија против Конор Мек Грегор

Дастин Пориер пред неколку дена изјави дека не го интересира уште еден меч (четврт) против Конор Мек Грегор, а сега тоа го направи и Нејт Дијаз.

„Во моментов тоа не ме интересира. Конор има уште многу работа“, изјави Нејт Дијаз.

Имено, Дијаз и Мек Грегор досега двапати се прсметуваа.

Нејт го доби првиот меч на настанот УФЦ 196 одржан во март 2016 година со давење од позади во втората рунда, а потоа Конор за возврат, во август истата година, му врати и славеше со едногласна одлука на судиите.

Двете средби беа многу возбудливи и многу навивачи сакаат да видат уште еден нивен судир, но се чини дека Нејт, кој има уште една борба во договорот со УФЦ, не е премногу заинтересиран за тоа.

Но затоа пред некој ден отворено го прозва Дастин Пориер и најави дека по таа борба може да се повлече.

„Би сакал да се борам со Дастин Пориер. Доколку има некакви пречки во договарањето на тој меч, тогаш виновни се Дастин и УФЦ. Веднаш би се согласил да се бори со него. Ајде, договорете ми го тој меч, за да се повлечам“, изјави Нејт Дијаз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON