Нејт Дијаз не го интересира борба против Конор Мек Грегор: Тој е очаен

Американскиот ММА борец Нејт Дијаз последен пат се бореше во јуни минатата година кога загуби од Леон Едвардс со поделена одлука на судиите.

Тоа беше негов втор пораз во низа по поразот со прекин во ноември 2019 година од Хорхе Масвидал.

На почетокот на оваа година се обиде да договори меч против Дастин Пориер, но УФЦ не беше заинтересиран за борбата и почнаа шпекулациите дека промоцијата сака трилогија помеѓу Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз.

Последните објави на славниот Ирец на социјалните мрежи покажуваат дека се ближи неговото враќање во кафезот, а тешките денови додека се опоравува од повредата се минато.

Но, Нејт Дијаз не е премногу заинтересиран за мечот против Мек Грегор.

„Сакам да се борам со кого било, но не добивам никакви вести. Што не е во ред? Нема да се борам со Конор, тој е очаен. Ќе се борам со некој друг. Ве молам, не ме спречувајте. Ви благодарам“, му порача Нејт Дијаз на раководството на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON