Нејт Дијаз: Како Џон Џонс може да биде најголем во историјата, a користеше стероиди

Џон Џонс ќе биде речиси на сечиј список кога ќе се отвори темата кои се најдобрите ММА борци во историјата.

Но, Боунс во текот на кариерата наиде на различни проблеми, а на неговиот колега најмногу му пречи тоа што падна на допинг тестовите.

Ова веднаш фрла сомнеж врз резултатите постигнати до тој момент.

Нејт Дијаз, кој следниот викенд се бори со Хамзат Чимаев во последната борба, смета дека Џонс не може да биде во групата на најголемите борци во историјата.

„Ако користите стероиди, тоа веднаш ве елиминира од дискусијата за тоа кој е најголемиот борец во историјата. Поинаку е ако не се крие. Кога некој би рекол: „Еј, сите сме на стероиди“, а потоа би ги претепал сите други борци“ – вели Нејт Дијаз и додава:

„Можам да се борам со некој на стероиди, не ми е важно. Нека земе противникот стероиди и јас ќе пушам трева и ќе се бориме. Но, Џонс тајно земал стероиди и сака да биде меѓу најголемите. Не може да биде така. Тој го уништи своето наследство и тука завршува приказната“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО