Поминаа шест месеци од последното влегување на Нејт Дијаз во октагонот, а уште не знаеме какви се неговите планови.
Во неодамнешно интервју изјави дека со радост би излегол на мегдан против победникот од евентуалниот дуел меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер.
„Тие рекоа дека јас го чекам Конор Мек Грегор, но не го чекам. Веќе го победив двапати, поради што само тренирам. Реков дека ако се борам повторно, тоа единствено ќе биде на голем меч. Сега сите зборуваат за оваа средба меѓу Мејведер и Мек Грегор. Се обидов да си извадам бокс лиценца пред неколку години, кога едни промотори се обидоа да ми го откупат договорот УФЦ, но тие не ме пуштија. Не знам дали овие приказни се вистинити или измислици, но звучи како да може и да станата вистински. Долари зборуваат. Она што знам е дека јас сум единствениот кој може да боксира со овие луѓе. Тврдат дека се најдобрите во светот. Мејведер е со години во боксот, а колку за Мек Грегор, два пати го победив, а сите забораваат за тоа. Го сакам победникот, директно. Подготвен сум да бидам во рингот со најдобрите боксери во светот“.
.