Нејт Дијаз го пофали Леон Едвардс: Се надевам дека некое време ќе владее со категоријата

Поранешниот борец на УФЦ Нејт Дијаз има 21 победа и 13 порази. По поразот од Конор Мек Грегор во август 2016 година имаше тригодишна пауза, а потоа се врати со победа над Ентони Петис.

По тој триумф загуби од Хорхе Масвидал и Леон Едвардс, а кариерата во најголемата ММА организација (досега) ја заврши со победа против Тони Фергусон.

Нејт едвај чекаше да заврши неговиот договор со УФЦ за да се обиде во боксот.

Така, неодамна договори боксерски меч против познатиот јутјубер Џејк Пол. Нивниот меч од осум рунди е закажан за 5 август во Далас.

А Дијаз се потсети на мечот против актуелниот шампион во полусредна категорија Леон Едвардс пред неколку дена.

Англичанецот тој меч го доби со едногласна одлука на судиите.

„Никогаш не го преболев тој пораз“, истакна Нејт Дијаз и продолжи:

„Едвардс е голем борец и се надевам дека некое време ќе владее со категоријата. Напорно тренира и го заслужува тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО