Неделковски за Димса: Сигурен сум,кога и да се случи, дека светската титула ќе бидe во Битола!

Александар Димовски – Димса требаше на 4 април пре дсвоите битолчани да се бори за појасот на реномиранта промоција Кинг оф кингс во К-1 против Гркот Михаил Карамускетас. Но, се пропадна поради коронавирусот.

Димса за големиот успех и можноста да се бори за титулата во К-1 искажува посебна благодарност спрема битослкиот мајстор на боречките вештини Златко Неделковски.

„Тренираме со мајсторот Златко Неделковски од Академијата За Нед до. Тој човек ме врати во живот и ме донесе на највисоко ниво во овај спорт“, истакна Димовски во интервју за Ипон.мк.

Во највата на оваа борба Димовски беше оптимист:

„Кога разговаравме со председателот на Кинг оф кингс, Донатас, за борбата за појасот, тој ни понуди мечот да биде кај нас во Македонија. Ние прифативме, и, нормално, Битола беше логичен избор. Каде би се борел за тој појас, ако не пред моите битолчани. Очекувам победа и освојување на појасот“.

Што се случува во меѓувреме во време на коронавирусот, односно како гледа на сето ова човекот кој го врати Димса во живот, Златко Неделковски:

„Трениравме многу напорно и тој беше издигнат на највисоко ниво, меѓутоа, откако се одложи настанот поради коронавирусот Димсата и понатаму тренира, но со помал интензитет. Кога ќе се закаже наредниот меч, за кој не знаеме кога би бил, веднаш ќе продолжиме со макотрпната работа, таму каде што и застанавме. Сигурен сум дека, кога и да се случи, светската титула ќе бидe во Битола“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО