Не задоцни одговорот на Владимир Кличко

Klicko polean so mraz

Светскиот шампион во супертешка категорија на IBF, WBA, WBO и IBO, Владимир Кличко, покажа дека е одлично подготвен за секаков предизвик. Демонстрациите на Украинецот се одговор на ледената када на неговиот ривал Тајсон Фјури.

Британскиот ексцентрик завчера се потопи во ладна вода, но само за неколку секунди. „Одговорот“ на Кличко сепак е доста спектакуларен, бидејќи на видеото јасно се гледа како двајца луѓе го преплавуваат со кофи со огромни парчиња на мраз.

„Тајсон Фјури може да го раздели воздухот со своето насилно однесување, колку што сака. Јас ја задржувам ладнокрвноста“, изјави светскиот шампион.

Како што е познато, Владимир Кличко и Тајсон Фјури ќе ги вкрстат ракавиците на 28 ноември во Дизелдорф-Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО