Не напушти уште еден великан на каратето Терујуки Оказаки

За жал, не напушти уште еден великан на каратето Терујуки Оказаки на 88-годишна возраст.

Оказаки е роден на 22 јуни 1931 година Фукуока во Јапонија. Тој беше пободрник на шотокан карате, а го учеше од најголемите Гичин Фунакоши и  Масатоши Накајама.

Терујуки Оказаки се образуваше на  Универзитетот Такусукуку во Јапонија.

Вештината на каратето ја пренесува во САД, а оттаму и во целиот свет, бидејќи живееше во Филаделфија, Пенсилванија. Тука е и седиштето на Меѓународната шотокан карате федерација (ИСКФ) на која тој е главен шеф инструктор.

„Со најдлабока тага ве известувам дека учителот Терујуки Оказаки почина денес, 21-ви април од компликации на коронавирусот Ние сме скршено срце и уништени колку што ќе бидат многу од вас“, напиша Лоис Лузи и додаде:

„Имавме многу среќа што го имавме учителот (мастер) Оказаки кој се однесуваше со сите како да го познава секого лично и несебично се грижеше за сите. Покрај нашиот претседател и главен инструктор, Хиројоши Оказаки Шихан, сите сте негово наследство, па ние не сме изгубени. Тој во секој од нас го всадуваше одново и одново она што го сакаше, а сето тоа беше да ги научи сите студенти за важноста не само да како да удираат со нога и со рака, туку уште поважни се Доџо Кун и Шото Ниџу Кун. Мастерот Оказаки веруваше дека неговата мисија ќе придонесе да се донесе мир во светот и веруваше дека тоа треба да биде и вашата мисија“.

„Не можеме да испланираме комеморација во моментов затоа што Филаделфија, Пенсилванија, САД, се уште се е затворено поради пандемијата. И од истата причина, ве молиме, не испраќајте ништо во седиштето на ИСКФ. Можеме наизменично да проверуваме во канцеларијата или може да добиеме казна. Работиме од дома, затоа ве замолуваме прашувајте по емајл“, рече неговиот близок соработник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО