Поранешната НБА ѕвезда, Нејт Робинсон, ќе влезе во боксерскиот ринг и ќе одработи меч против јутјуберот Џејк Пол.
Набргу откако беше објавена егзибицискиот бокс меч меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор за 12 септември, во истата програма се додаде уште една борба за да послужи како вовед во спектакуларниот судир на двете легенди. Поранешната НБА ѕвезда и популарниот „јутубер“ ќе се најдат во рингот, еден против друг. Станува збор за Нејт Робинсон и Џејк Пол.
Нејт Робинсон е поранешна голема НБА ѕвезда, а најплодниот дел од кариерата го имаше од 2005 до 2010 година кога беше дел од Њујорк Никс. Покрај одличниот шут и разигрувачките вештини, познат е и по неверојатните атлетски способности и големиот одраз. Така, и покрај висината од 175 сантиметри, тој дури трипати победи на натпреварот за забивање на „Ол старс“(2006, 2009 и 2010). Тој е сè уште единствен што победил три пати. Тој ја заврши кариерата пред две години во Ерменија, а во НБА-лигата уште настапувше за Чикаго Булс и Бостон Селтикс и беше член на неколку други екипи. Сезоната 2008/2009 година постигнуваше во просек над 17 поени. За бок се заинтересира во последниве години, кога почна посериозно да тренира.
Former NBA guard Nate Robinson and YouTube star Jake Paul make it official: They tell me they will be fighting Sept. 12 as an undercard to Mike Tyson vs. Roy Jones Jr. in California. pic.twitter.com/ClEP64JZFp
— Shams Charania (@ShamsCharania) July 23, 2020
Џејк Пол е всушност помладиот брат на многу попознатиот јутјубер, Логан Пол, кој досега имал два исклучително распродадени бокс мечеви против британскиот јутјубер, КСИ/ KSI. Всушност дебитираше на програмата која ја предводеа тие двајцата и Џејк дебитираше во боксерскиот ринг, каде го совлада својот „колега“ АнЕсон Гиб. Потоа изјави дека има намера да направи посериозна кариера во боксот.
Настанот предводен од Тајсон и Џонс официјално е објавен во четврток, а ќе се одржи на 12 септември во калифорнискиот град Карсон.