Волкановски му одговори на Сехудо

Александар Волкановски реши да одговори на постојаните прозивања што ги добива од Хенри Сехудо.

Еден од првите борци што му се јави на Александар Волкановски, откако јна УФЦ 251 а одбрани титулата во лесна категорија, беше Хенри Схудо. Но, тој не го стори тоа за да му честита на Австралиецот со македонско потекло за добро завршената борба, туку да го критикува и да побара меч од него.

Имено, Сехудо се пензионира во мај откако ја одбрани титулата бантам категорија, но откри дека ќе биде подготвен да се врати за да се бори против Волкановски, затоа што појасот во перолесна категорија му недостасува за наследството што го сака покрај неговото име. Барем така изјави самиот Сехудо, велејќи дека со појасот до 66 килограми ќе стане најголемиот борец во историјата и дека никој не може да му го оспори тоа.

Волкановски првично не одговори на ова, но како што Сехудо стануваше погласен, тој реши да го изрази своето мислење за можна борба против поранешниот шампион во мува и бантам категорија. Одговорот на Сехудо никако нема да му се допадне.

„Врати се својата заjчка дупка. Пензиониран си“, напиша Волкановски на Твитер, споделувајќи го последното од обраќањето на Сехудо.

Волкановски навистина има неколку релевантни предизвикувачи кои веќе настапуваат во неговата категорија и нема потреба да размислуваме за инаку крајно непопуларниот Сехудо. Токму заради оваа непопуларност, тешко е да се очекува дека УФЦ ќе му даде можност да постигне нешто во кое никој досега не успеал, без претходно да оработи барем една борба во лесна категорија.

Многумина од почеток сметаа дека Сехудо немал вистинска намера да се повлече во боречка пензија, туку со својата објава се надеваше дека УФЦ ќе го моли да остане и ќе му понуди подобри финансиски услови отколку што ги има. Откако УФЦ не реагираше, тој почна да го критикува и да го прозива Волкановски, но не им остана должен ниту на новите шампиони на двете категории чии појаси ги држеше па ги ослободи. Се чини дека Сехудо нема намера да стави крај на својата кариера на овој начин, но сега е исто така јасно дека неговиот план, каков и да беше, очигледно не успеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО