Назми Али за бојкотот на Тефејуз: Зошто да правиме трошоци кога не ги земаат во репрезентацијата?

БК Тефејуз минатиот викенд го бојкотираше Државното првенство за кадети и сениори во Велес, а оваа одлука ќе важи и за другите настани.

„Нашиот клуб е втор во сите конкуренции. Годинава одевме на прво место и имаме капацитет за тоа. Наместо квалитативно да одиме напред, тие нас не кочат (мисли на ФБСМ-н.з.). Масовно учествуваме на сите првенства и бевме први на поголем дел. Изборното првенство за избор на репрезентацијата, а ние немаме ниту еден член во репрезентацијата, иако имавме тројца прваци во сениорска конкуренција, 3 во У-23, 4 во кадети и 3 во пионери. Само пионерот Аис Салихаси беше земан за репрезентација на Европското првенство за деца во Белград, и тоа со сила. Тој е голем талент, новиот Шабан трстена. Македонија немала таков талент во последните 20 години“, објаснува тренерот на Тефејуз Назми Али зошто не учествуваа на Државното во Велес.

Тој вели дека реагирале до Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) зошто не ги земаат нивните борачи во репрезентацијата, прваците.

„Зошто да правиме трошоци кога не ги земаат во репрезентацијата? Ако се продолжи вака, борењето наместо да оди напред ќе го допре дното. Така ќе се затворат многу клубови“, истакнува Али, додавајќи 3-4 пати учествувале на Европските првенства за кадети и јуниори со свои средства, а ФБСМ требало да и ги врати парите, но до ден-денес тоа не се случило. Вели дека тие ги баранат боите на Македонија.

„Од џеб ги финансиравме подготовките и првенствата за да имаме борење. Некои земаат илјадници евра а ништо не фрлаат на другите. Ние тренерите во клубот доброволно работиме  и сме со буџет 0, а некои трошат по 100 илјади евра. Општините за некои клубови се мајка, а за други маќеа. И ние ја преставуваме Македонија и Општината, а немаме поддршка од никого“, потенцира Назми Али – Шишко.

Тренерот на Тефејуз вели дека не се против никого. Ако вака оди работата, смета тој, борењето ќе прпадне.

„Од друга страна, не знаеме дали Федрацијата има канцеларија. Нема кај кого да се обратиме“, тврди Али.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON