Македонија немаше борачи на силниот Меѓународен турнир „Јашар Догу“ во Истанбул, Турција, но затоа специјален гостин на Турската боречка федерација беше познатиот тренер и долгодишен предводник на БК Тефејуз, Назми Али.
„Бев поканет од Турската боречка федерација како специјален гостин. Претседателот на нивната федерација Шерф Ерогли ми направи посебна чест, а тоа го овековечивме со неколку фотографии. Шерф Ероглу е нов претседател на федерацијата“, напиша Назми Али и додаде:
„Се сретнав со моите пријатели од борењето. Почитуван претседател Ероглу, Ви посакувам се најдобро“.
Али наведува дека Турската боречка федерација многу успешно го организирала „јашар Догу“ на кој учествуваа борачи од многу велесили во борењето, како на Светско првенство.