Ислам Махачев е подготевн за борба со Рафаел дос Анчос овој викенд

Дагестанската ѕвезда Ислам Махачев е подготвен да ја ризикува шансата за титулата во лесна категорија. Махачев изрази желба да се бори со Рафаел дос Анчос со само неколку дена известување.

Пред неколку часа стана познато дека Рафаел Физиев е со заразен со Ковид-19 и се повлекува од УФЦ 272 што ќе се одржи викендов. Физиев и Дос Анчос ја предводеа главната борба на вечерта во Лас Вегас. Во последните година ипол битката меѓу Махачев и Дос Анчос пропадна 3 пати.

Одлуката на Дагестанецот е доста интересна, бидејќи тој се бореше пред неколку дена. Ислам успеа да го победи Боби Грин за 3 минути во главната борба на гала вечерта на УФЦ во Лас Вегас. Од Дана Вајт доби ветување дека ќе се бори за титулата.

Ислам треба да почека до есен, бидејќи Чарлс Оливеира во мај има закажан судир со Џастин Гејџи. Очигледно Махачев ќе ја бара 11-та последователна победа за да биде сигурен дека никој нема да го престигне за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО