Натепаниот Федор: И понатаму ќе се борам (ВИДЕО)

fedor press so maldonado

Откако во кафез по борбата им се извини на навивачите за слабата изведба, на прес-конференцијата Федор изјави дека се уште има намера да се бори.

29-годишниот Русин со тесна мнозинска одлука во Санкт Петербург го победи Бразилецот Фабио Малдонадо, а првата рунда беше блиску да пораз со нокаут.

„Се оди понатаму. И понатаму ќе се борам“, рече Емилијаненко.

Минатата недела рече дека никогаш не бил поблиску до потпишување за УФЦ.

Малдонадо од овој меч можеше да излезе и со нерешен резултат, бидејќи првата рунда можеше да се бодува со 10-8 за него.

„Не сум огорчен. Горд сум што бев на вакво ниво во оваа борба. Не планирам дасе  жалам на исходот на борбата“, рече Малдонадо.

Претседателот ЕФН, Гамил Гаџиев, рече нерешениот резултат би бил фер. Тој додаде дека и руската промоција следната година планира да одржи настан во САД.

https://youtu.be/cbxUfwNzKy8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО