Наташа Стефановска по три одлагања го зададе решавачкиот удар, кажа ДА… (ФОТО)

Наташа Стефановска го здададе финалниот карате удар против пливач – го кажа судбоносното ДА.

Нашата трофејна каратистка денеска го кажа судбоносното „да“ на Горан Стаменов со кого се повеќегодишна врска.

„Венчавката беше во црквата Света Петка. Со најблиските поради ситуацијата со вирусот Ковид-19. Се надеваме дека наредната година ќе прославиме со забава која ја закажавме за 11 септември 2021 година“,изјави за Ипон.мк нашата прославена репрезентативка и долгогодишна членка на КК Макпетрол.

Нејзиното момче, сега сопруг, Горан е тренер по пливање и пливач, а спортот ги спои.

„Инаку сме 8 години сме заедно. Венчавката беше планирана за јуни месец, но веќе три пати се одложува, па решивме да направиме регистрација и венчавка само со најблиските, затоа не присустуваше никој друг освен сведоците и родителите“, раскажува убавата и среќна невеста.

Да потсетиме дека Наташа Стефановска има пласман 5 место во категорија – 61 кг на Европското првенство во Монпелје, Франција во 2016 година; сребрен медал на Премиер карате лигата  во Ротердам, Холандија 2012 година; бронзени медали на Премиер лигите во Салзбург во 2015 и во 2016 година; бронзен медал во У-21 на Европско првенство во Измир, Турција во 2010 година; второ место на Светското универзитетско првенство во Брага, Португалија, 2016 год и две 7-ми места на ЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО