Мечот за одбрана на светската титула на Даниел Стефановски презакажан за декември

Борбата на Даниел Стефановски за одбрана на светската титула во К-1 на Суперкомбат против Алекс Филип е презакажана за декември. Како што не извести Стефановски преместувањето на борбата е поради пандемијата на коронавирусот.

Реванш средбата која ќе се одржи во Констанца – Романија, требаше да се одржи на 21 август.

Во првиот меч на 12 март 2017 година Стефановски (-81 кг) го победи Романецот Филип со нокаут во третата рунда. На почетокот на рундата Стефановски со двојно летечко колено и неколу аперкати го нокаутира Алекс Филип на Суперкомбат Ворлд гранд при елиминациите во Букурешт, Романија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО