Наташа Стефановска го освои сребренио медал на Светското универзитетско првенство во карате во Брага, Португалија, во категоријата до 61 килограм.
Таа во финалето за златниот медал се бореше со Џиана Лотфи од Египет, при што борбата заврши со 0-0, но по изјаснувањето на судиите победи Лотфи.
Сетфановска беше убедлива во првото коло и ја совлада претставничката на Алжир, Ранда Мекдас со 4-0, потоа со Јин Џиаојан од Кина се бореше 1-1,но победи со судиско изјаснување. За влез во финалето ја совлда Барно Мирзаева од Узбекситан со 2-0.
Попладнево се очекуваат настапите на Симона Заборска (-55 кг) за златен медал и на Сара Радичевска (-50 кг) за бронзен.
Ipon.mk/В.Д.