Нашиот Александар Волкановски предвидува брза победа против Чад Мендез (ВИДЕО)

На УФЦ 232 ќе бидеме сведоци на голема битка во перо категорија меѓу Македонецот Александар Волкановски и Чад Мендез. Волкановски е во серија од 15 последователни победи и не загубил речиси 6 години. Тој е убеден дека ќе ја стигне до титулата и ќе обезбеди брза победа над Чад Мендез следниот викенд.

„Зборував лошо за Мендез, затоа што беше казнет. Жал ми е што го навредив и го повредив неговото име, но тој беше фатен од УСАДА, сепак тоа веќе не е важно. Очекувам тој да биде силен и да влегуваме во размени на удари. Секогаш се подготвувам за најлошото. Мислам дека ако го соборам на подот тој ќе стане. Очекувам да зададеме брутални удари, но јас се докажав во таквите борби.

И двајцата сме силни и удираме здраво. Ако треба да бидам искрен, мислам дека ќе завршам рано. Не сакам да покажам непочитување, но тоа е моето мислење. Не мислам дека тој е лесен противник, но чисто од гледна точка на стиловите мислам дека ќе го добијам рано во битката“, рече Волкановски.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО