Нашиот адут за медал на ЕП Дејан Георгиевски старува од четвртфиналето

Европското првенство во олимписко таеквондо во Манчестер – Англија се ближи кон крајот, а нашите надежи за медал се во Дејан Георгиевски откако денес Анамарија Георгиевска не успеа да стигне до одличје. 

Дејан Георгиевски ќе стартува од четвртфиналето бидејќи во осминафоналето е слободен, и ќе го чека победникот од Милош Пилиповиќ (Норвешка)/ Пашко Божиќ (Хрватска). Со победа олмпискиот вицешампион обезбедува полуфинале и најмалку бронза. Но, бидејќи Русинот Владислав Ларин не учествува на ЕП, ова е прилика за големо финале.

Европско првенство:
-87 кг
Филип Додевски – Таха Биџер (Турција) 16-20
-67 кг
Анамарија Георгиевска – Магда Вет Хенин (Франција)
+87 кг
Дејан Георгиевски – Милош Пилиповиќ (Норвешка)/ Пашко Божиќ (Хрватска)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО