Насев ќе биде погребан денес во Кочани, МОК утре ќе одржи комеморација

Доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насе Насев, кој почина во саботата на 80-годишна возраст, по кратко боледување, попладнево ќе биде погребан во Кочани.

Комеморација по повод смртта на Насев, како што соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК), ќе се одржи утре напладне во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Роден во кочанското село Нивичани, Насев беше спортски директор во МОК и првиот член на Клубот на великани на МОК, а во јуни оваа година шефот на државата Стево Пендаровски го одликува со „Медал за заслуги“ за неговиот огромен придонес во афирмација на македонскиот спорт и држава.

Насев беше долгогодишен инструктор на ФИЛА и директор на голем број светски семинари, а во улога на селектор и спортски директор на Македонскиот олимписки комитет (МОК) беше учесник на десет летни и зимски олимписки игри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО