Наркоман се обидел да киднапира жена од карате клуб, но го изнеле на носилка (ВИДЕО)

Во последните неколку дена доста често кармата ги прогонува крадците и силувачите кои имаат лоша среќа да се сплеткаат со погрешните луѓе. Неодамна поранешен борец на УФЦ исшалка силувач пред дискотека, а Полјана Вијана претепа крадец во Бразил. Пред неколку дена Рандал Ефрем, кој е инструктор по карате, имал слична случка кога во неговиот клуб по карате дошла жена да побара помош, тврдејќи дека непознат маж ја брка и сака да ја киднапира.

Еве ја целата приказна што ја раскажа Рандал Ефрем на медиумите.

„Во слаата останаа уште неколку деца кои чекаа да ги земат нивните родители. Имаше неколку повозрасни ученици кои ја чистеа салата, кога упадна млада дама и рече дека непознат маж ја брка и сака да ја повреди. Кратко потоа, влезе голем човек. Не знаев што сака и мислев дека се интересира за нашите часови. Го прашав што сака и ми рече дека дошол по жената. Потоа таа почна да инсистира дека не го познава и дека сака да ја киднапира.

Му реков дека нема да дозволам да ја повреди и дека треба да си замине. Тој одби и стана агресивен и се обиде да ме удри. Го истерав од салата, но тој повторно се обиде да ме нападне и требаше соодветно да се справам со него. Тој беше многу, многу силен и мислам дека беше под влијание на некои супстанци. Тој пушеше нешто, а потоа полицијата ми кажаа дека е под влијание на наркотици“.

https://www.instagram.com/p/BZ991L-gdo7/?utm_source=ig_embed

Се покажа дека напаѓачот е Август Вилијамс и дека повеќе пати апсен за дрога и напади. Вилијамс удрил на камен и бил изнесен на носилка и оденесен во амбуланта, од каде што е пратен на итен медицински третман пред да замине во затвор.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON