Напнато соочување на Ивана Хабазин и Клариса Шилдс (ВИДЕО)

Ивана Хабазин (20-3, 7 КО) се бори за испразнетите титули во ВБЦ и ВБО во супервелтер вечерта во петок спрема сабота во Атлантик Сити против непоразената Клариса Шилдс (9-0, 2 КО), чија цел е да стане рекордер по бројот на мечеви кои биле потребни за да ја освои светската титула во три тежински категории.

Борбата веќе двапати беше откажана. Прв пат поради повредата на Шилдс, а втор пат во октомври по физичкиот напад врз хрватскиот тренер Џејмс Али Башир од страна на полубратот на американската боксерка.

После многу препукување во изминатите неколку месеци, за време на новото соочување Шилдс ја праша Хабазин зошто сега молчи, а Хабазин на Американката и порача дека приказните се ефтини. Тогаш таа и одговорила дека е ефтина, на што Хабазин рекла дека таа е ефтина и дека може да биде ефтина, но дека Шилдс не е премногу паметена.

Кога хрватската боксерка се симнала од бината, двократната олимписка победничка ја испратила со зборовите: „Би ја исшлакала, но ќе отрча дома и ќе скокне во авион – не сакам веќе да си играм. Се плашам за мојот живот. Сакам да одам дома. Толку сум исплашена, се плашам од црнци. Кучка”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО