Наоја Инуе го победи Пол Батлер со прекин и стана апсолутен шампион во бантам категорија

Јапонскиот боксер Наоја Инуе стана апсолутна светски шампион во бантам категорија. Непоразениот шампион го победи Англичанецот Пол Батлер со прекин во 11-тата рунда во Ариаке арената во Токио и го додаде ВБО појасот на најдобрите во категоријата до 53,5 килограми на своите титули во ВБА (Супер), ВБЦ и ИБФ.

Наоја веднаш го наметна својот ритам и ја контролираше борбата. Англискиот борец беше многу резервиран и се обиде да возврати со контранапад.

Јапонецот често го повикуваше противникот да се бори, но Пол остана на својата тактика, не сакаше да ризикува.

И додека Англичанецот беше премногу одбранбен, Инуе прикажа одлична техника и со разни комбинации удри по противникот.

Но, потоа дојде 11-тата рунда кога беше решено прашањето за победникот. Јапонцот префрли вопоголема брзина и дополнително го притисна противникот.

Инуе со одлични комбинации го погоди уморениот Батлер, кој заврши на подот.

Наоја Инуе така стигна до 24 победи во кариерата и стана првиот боксер што ги обединил појасите во бантам категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО