Наместо на веселба, трикратниот олимпиец Зоран Шоров во Германија заврши на операционен стол, најлошото мина…

Зоран Шоров, трикратниот македонски олимпиец, пред три недели замина во Германија , на одбележување на родендените на неговиот шура и внукот во Штудгард, каде 1991 година на ЕП го освои бронезениот медал. Наместо да има убави нешта, му се случи голема непријатност. За малку можело да се случи најлошото. Итно бил пренесен во болница, каде што лекарите констатирале дека е во животна опасност, се гушел, добил апцес. Било откриено дека има проблеми со дишењето. Веднаш го ставиле на операционен стол.

Со него, за среќа била и неговата сопруга Павлина, која го придружувала во Германија, инаку медицинска сестра. Таа му укажала прва помош, го храбрела. Лекарите констаирале дека спасот е во итна операција на грлото.


„Останав две недели во болницата да се лекувам, по операцијата. Имав голема мака. Се спасив од најлоштото.Ми помогна и мојата сопруга . Не случаијно рекле „женичка- богородичка“. Благодарност упатувам и на германскоѕте лекари, кои веднаш интервенираа и ме спасија. Не дозволија да се вратам во Македонија кога видоа во каква состојба сум. Сега ја напуштив болницата. Ми треба одмор. Никогаш во животот не сум имал проблеми со грлото, но ете за моја несреќа ми се случи да имам и тоа во Германија. Наместо да присуствувам на радост, јас имав голема непријатност“, ни пишува Зоран Шоров на Фб.

Му посакавме побрзо заздравување и видување во Штип.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО