Најуспешни клубови на 1.Национално кик бокс првенство – Шампион, Гладијатор-Скопје, Тим Зоран …

Во недела се одржа 1.Национално кик бокс првенство за 2023 година за сите возрасти во категории (татами – кик лајт, ринг– лоу кик и К1) во организација на Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија (КМФМ), на кое најуспешна екипа беше Шампион со 41 медал – 12 златни, 8 сребрени и 9 брозени. Потоа следуваат Гладијатор-Скопје со 29 медали (12-8-9) и Тим Зоран со 19 (12-5-2).

На првенството учествуваа 346 натпреварувачи со 386 натпреварувачки влезови од вкупно 28 кикбокс клубови.

Вредно е да се истакне дека ова е најмасовното национално кикбокс првенство што е организирано во нашата држава од формирањето на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија до денес.

Натпреварувањето се одвиваше во одлична спортска атмосфера и одлична организација од страна на КМФМ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во склоп на првенството се одржа и подготвителен судиски семинар за судиите на татами и ринг и тренерски семинар.

Од друга страна, во паузата меѓу мерењето и почетокот на натпреварите во периодот од 09:30-11:30 во прес-центарот на салата се одржа и редовното годишно Собрание на КМФМ за 2021 година.

Реализацијата на овој масовен натпревар беше потпомогната од страна на Агенцијата за млади и спорт на РСМ, како и неколку домашни компании од приватниот сектор.

Пласман по клубови – број на учесници, златни, сребрени, бронзени и вкупен број на медали:

1.КБК Шампион – Скопје 44 20 10 11 41
2.КБК Гладијатор – Скопје 40 12 8 9 29
3.КБК Тим Зоран – Струмица 28 12 5 2 19
4.КБК Работнички Адора – Скопје 25 6 4 8 18
5.КБК Гладијатор – Неготино 14 6 1 1 8
6.КБК Будо – Кавадарци 26 5 4 6 15
7.КБК Прокик фемили – Скопје 14 5 2 3 10
8.КБК Патриот – Крива Паланка 16 4 6 4 14
9.КБК Максам фајт – Прилеп 15 4 2 4 10
10.КБК Тетова – Тетово 19 4 1 1 6
11.КБК Лидер – Виница 15 2 3 5 10
12.КБК Енерџи – Битола 12 2 3 4 9
13.КБК Наско тим – Скопје 6 2 2 0 4
14.КБК Фајт тим – Скопје 7 2 2 0 4
15.КБК Будо – Велес 10 2 0 4 6
16.КБК Ен – ка Врапчиште 6 2 0 1 3
17.КБК Предатор – Куманово 29 1 6 6 13
18.КБК Гладијатор фајт – Штип 20 1 4 6 11
19.КБК Д-Џим Штип 3 1 2 0 3
20.КБК АС – Делчево 9 1 1 3 5
21.КБК Самурај – Битола 6 1 1 2 4
22.КБК Кавадарци – Кавадарци 4 1 1 1 3
23.КБК Куманово 2006 – Куманово 3 1 0 1 2
24.КБК Про кик Каринг – Скопје 4 1 0 1 2
25.КБК Аждер – Гевгелија 2 1 0 0 1
26.КБК Дино – Скопје 8 0 2 1 3
27.КБК Титан про – Скопје 10 0 0 4 4
28.КБК Комбат – Рад

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО