Најтрофејни карате тренери се Бошко Заборски, Мирче Јанушевски, Сашко Арсовски…  

Статистиката што е направена од неуморни карате работници покажува колку многу медали имаат освоено нашите каратисти на европските и светските првенства за кадети, јуниори, У-21 и сениори, како и Медитеранските игри, Младинските Олмписки игри, Европските игри, Светеските боречки игри. Констатацијата е дека се освоени многу медали со кои треба да се гордееме.

Се почна со освојувањето на првиот медал (бронзен) за независна Македонија од Зоран Пејов (У-21) на Европското првенство во Кардиф, Велс, 1993 година, Наредниот ден беше освоен и првиот златен медал од Елвир Куртановиќ (У-21), а успехот го надполни Ангел Георгиев со бронза во јуниорска конкуренција.

Првиот сениорски медал е освоен во 2005 година од женскиот ката-тим во состав Тамара Рибарска, Симона Тасевска и Ивана Димитрова  на ЕП во Тенерифе, Шпанија. Првиот медал (бронзен) на светските првенства го освои Жарко Арсовски во 2010 година во Белград.

Последните медали (бронзи во У-21) ги освоија Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ на овогодишното ЕП за кадети, јуниори и У-21.

Најкаратист е Емил Павлов – сребрен на СП, 4 медали (2 злата и 2 бронзи) на ЕП, бронза на ЕИ итн.

Статистиката покжаува дека најуспешен тренер е Бошко Заборски – неговите каратисти освоиле 22 медали. Потоа следи Мирче Јанушевски со 15 медали, па Сашко Аросвски со 8 одличја, но има и 3 како натпреварувач. Понатаму следат Александар Кузмановски со 8, Арлинд Хусеини со 7, Миланчо Черкезов 5, Златко Димоски 5, Јован Лазарев 2 итн.

Од друга страна, Сашко Арсовски е со најмногу освоени медали во сениорска конкуренција 6 и 1 како натпреварувач. Со по еден медал помалку се Бошко Заборски и Мирче Јанушевски, односно со 5 итн.

Ако на ова се додадат успесите на Светските универзитетски првенства, кои од Агенцијата за млади и спорт највисоко се вреднуваат – успех од Светска категорија, тогаш Бошко Заборски и Живко Тасевски, како селектори. Освоени се околу 11 медали, од кои два се на женските ката-тимови. Нормално, на овие настапи има каратисти-студенти од други клубови, како Емил Павлов, Берат Јакупи. Но, за овие настапи во наредна прилика.

Ова значи дека, и покрај сите препреки што ги имале, тренерите работеле, работат и ќе работат и ќе освојуваат медали. Затоа бирократските сопки треба да бидат сведени на нула. Во спротивно, ќе се радуваме и на 10 место.

Тренери со најмногу медали:

1.Бошко Заборски              22 медали
2.Мирче Јанушевски         15
3.Сашко Арсовски              8  + 3 (натпреварувач)
4.Александар Кузмановски 8
5.Арлинд Хусеини             7
6.Миланчо Черкезов         5
7.Златко Димоски             5
8.Јован Лазарев               2
9.Елвир Куртановиќ         1
10.Димче Кичевски          1
11.Петар Белистојаноски 1
12.Невзали Пајазити        1
13.Владимир Апостолов   1
14.Драгољуб Колевски     1
15.Чедомир Саздов          1
16.Петре Чешелковски     1
7.Назим Куртовиќ            1
18.Ванчо Димитров          1
19.Живко Тасевски          1
20.Атанас Филиповски     1
21.Оливер Коцев              1

ТРЕНЕРИ СО ОСВОЕНИ СЕНИОРСКИ МЕДАЛИ
1.Сашко Арсовски             6 + 1 натпреварувач
2.Мирче Јанушевски         5
3.Бошко Заборски             5
4.Арлинд Хусеини             1
5.Јован Лазарев                1
6.Миланчо Черкезов         1
7.Сашко Патраклиев         1

Во оваа статистика можно е да има и грешка, која не е намерна.

ОСВОЈУВАЧИ НА ЕВРОПСКИ И СВЕТСКИ МЕДАЛИ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА РМ ДО ДЕНЕС корегирано

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО