Најтестираните борци за допинг во УФЦ за 2021

Американската антидопинг комисија (УСАДА) тестираше еден од борците на УФЦ 27 пати во 2021 година. Но, тој не е меѓу вообичаените осомничени – Ти Џеј Дилашоу или Паоло Коста.

Воопшто не.

Станува збор за борецот во средна категорија Миша Циркунов – тој води во рангирањето на најпроверени борци, а по него следат Дилашоу и Коста со неколку тестови помалку.

Миша Циркунов – 27
Отман Азајтар – 26
Ти Џеј Делашоу – 25
Миша Тејт – 24
Абу Азаитар – 24
Дрике Ду Плесис – 24
Пауло Коста – 23
Чарли Антиверос – 19
Аскар Мошаров – 18
Жаирзињо Розенструик – 17

34-годишниот Циркунов загуби пет од последните седум натпревари и можеби ќе се бори за местото во УФЦ во борбата со Узбекистанецот Махмуд Мурадов на 19 февруари во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON