Најпопуларниот американски ММА портал во анкета го уверливо го прогласи Стипе Миочиќ за најдобар тешкаш во историјата на УФЦ (ВИДЕО)

Најпознатиот и најпопуларeн американски ММА портал „МMAFighting“ веднаш по големото славење на Стипе Миочиќ на УФЦ 220 постави анкетно прашање на своите веб страници со кое читателите се прашуваат: „Дали Стипе Миочиќ е најголемиот УФЦ тешкаш на сите времиња“?

За само еден ден, анкетата собра повеќе од 20.000 гласови, што е многу респектабилна и репрезентативна бројка која покажува колку голем интерес владеал за мечот Миочиќ – Нгану. Во понеделникот во емисијата „The MMA Hour“ беа објавени резултатите, а потоа ги коментираа најпознатиот ММА новинар Ариел Хелвани и неговиот колега Ерик Џекмен.

Дури 78 отсто од читателите одговориле „ дека Стипе е најголемиот“…

„Дали е ова дилема? Може ли воопшто да се дискутира за ова? Ако ги погледнете бројките и резимето на Миочиќ, мислам дека никој не е близу до него. Верувам дека е убедливо најдобар отколку во некои други категории. Без сомнение бр. 1. Каин не беше доволно долго тука. Тешко е да се стави овде, бидејќи долго беше неактивен. Вердум имаше шанса додека Стипе не го нокаутира. И Ренди е во разговорот, но сите овие борци не се ниту блиску до Миочиќ. Стипе сега е најдобриот. Брок? Немој да ме смееш. Каин е подобар од Брок“, вели Џекман, на што се надоврза Хелвани …

„Можно е да се зборува за тоа и да се расправа, но и јас мислам дека со ова го зацементира своето место како најдобар. Стипе е број еден“!

Хелвани го праша Рик дали е Стипе најдобриот тешкаш во историјата на целиот спорт воопшто?

„Да, мислам дека е така. Кој е уште тука? Федор? Биг Ног? Кро Кап? Сепак останувам со Стипе …“ заклучи Џекман.

https://www.facebook.com/mmafighting/videos/10156172280289479/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО